Опера и балет

Традиционален гала оперски концерт за празникот „Василица“

03.01.2024 08:50

На концертот, по традиција, ќе бидат изведени најпопуларните арии, дуети, хорски делници и балетски точки од светски познатите дела од композиторите: Џ. Росини, В.А. Моцарт, В. Белини, Џ. Верди, У. Џордано, Ф. Лехар, Ж. Бизе, Џ. Пучини, Е. Калман, П. И. Чајковски и други.

По повод празникот „Василица“, во Националната опера и балет на 12-ти и 13-ти јануари 2024-та со почеток во 20 часот ќе се одржи традиционалниот Гала оперски концерт.

На концертот, по традиција, ќе бидат изведени најпопуларните арии, дуети, хорски делници и балетски точки од светски познатите дела од композиторите: Џ. Росини, В.А. Моцарт, В. Белини, Џ. Верди, У. Џордано, Ф. Лехар, Ж. Бизе, Џ. Пучини, Е. Калман, П. И. Чајковски и други.

Диригентската палка ќе биде во рацете на гостинот од Канада, Клод Лапалм, режијата е на Дејан Прошев, а ќе настапат нашите оперски солисти: Весна Ѓиновска Илкова, Сандра Митровска, Благица Поп Томова, Наде Талевска, Николина Јаневска, Биљана Јосифов, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Марјан Јованоски, Ристе Велков, Игор Дурловски, Владимир Саздовски заедно со хорот, оркестарот и балетот на Националната опера и балет. Концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Кореографијата е на Саша Евтимова.

Овој концерт Националната опера и балет го востанови во далечната 1995-та година, а низ годините стана популарен, препознатлив и еден од најпосетените настани во нашата држава.