МВР

Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведен дилер

03.01.2024 11:14

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 22 часот и 10 минути го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Ф.Ф...

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 22 часот и 10 минути го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Ф.Ф. При претрес во неговиот дом во Тетово, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок, соопштуваат од МВР.