Македонија

Екстремно аерозагадување: Нова година, стари препораки

03.01.2024 13:22

Не излегувајте од дома ако не морате, не работете на отворено, повеќе луѓе во еден автомобил. Замена на грејни системи за намалување на аерозагадувањето. Ќе се почне од Скопје, Тетово, Куманово и Битола. Доволно ли се за да не се задушиме?

Анализите покажуваат дека 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата, но секако и од јавни институции кои не користат еколошки системи за затоплување и таму интервенираме. Во 70-ина институции во наредните две години ќе ги замениме системите. Процесите не одат толку брзо, но тоа не значи дека треба да застанеме на овие 70, изјави денес министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

На прес-конференција рече дека актуелните мерки за заштита од аерозагадувањето се краткорочни, а замената на системи за затоплување со еколошки е долгорочна мерка, но и долготраен процес.

Наташа Јанчиќ- Менковски ги има другите информации