Пациентите со цистична фиброза почнуваат да го примат лекот „Трикафта“
Во петокот, на 29-ти декември две нови пациентки примија Трикафта, денеска се вклучуваат уште двајца, а во петок се очекува лекот да го примат уште двајца пациенти.

Пациентите со цистична фиброза почнуваат да го примаат лекот „Трикафта“. Од Министерството за здравство соопштуваат дека покрај 12-те пациенти кои веќе се на терапија со Kaftrio во комбинација со Kalydeco, овие денови со терапија се вклучуваат и нови пациенти.
Во петокот, на 29-ти декември две нови пациентки примија Трикафта, денеска се вклучуваат уште двајца, а во петок се очекува лекот да го примат уште двајца пациенти.
Оваа група на пациенти етапно се вклучува на терапија, согласно Протоколот и прецизни критериуми на евалуација се одлучува за добивањето терапија. Листата на пациенти е направена од атручна комисија, по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза, според бодирање.
Лекот „Трикафта“ е безбеден лек, одобрен од Европската медицинска агенција. Ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив.
