Две победи за одбојкарите на почетокот на европската одисеја

06.06.2014 23:07

На табелата вo групата Б имаме 6 бода и сме на врвот, по два одиграни натпревара...

Нашите одбојкари победија и во вториот дуел на стартот на Европската репрезентативна одбојкарска лига, повторно против австрија и повторно со 3:1. Го загубивме првиот сет со 26:24, но се вративме во игра и со комплетен пресврт славевме со 25:23, 25:19 и 25:23.
 
На табелата вo групата Б имаме 6 бода и сме на врвот, по два одиграни натпревара. Следуваат Турција, Словенија и Данска без одигран натпревар, односно Австрија со 0 бодови по двата меча против нас.
 
Во групата А, Црна Гора ја совлада Полска со 3:1, Грција славеше против Романија со 3:0. На табелата, водат Грците со 3 бода, пред Црна Гора со 2, Полска има 1, а Азербејџан и Романија се без бодови.