Судски совет

Разгледување на одлуката од Управниот суд

03.01.2024 13:35

Судскиот совет ја разгледува одлуката на Управниот суд за разрешувањето на поранешната претседателка Весна Дамева. Има рок од 30 дена да постапи.

Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во април минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд.

Марина Стојанова Тонева известува од седницата на Судскиот совет.