Политика
Ковачевски: Уште не е договорена средба со Мицкоски, нема потреба од тајни средби
03.01.2024 13:53
Посочи дека кога ќе има средба, таа ќе се одржи на јавен простор...

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски истакна дека нема потреба да има тајни средби со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Посочи дека кога ќе има средба, таа ќе се одржи на јавен простор.
Јас не гледам дека има потреба да имаме тајни средби. Кога ќе имаме средба, таа ќе биде средба која ќе се случи во јавен простор – дали во Клуб на пратеници, во Собрание, на улица „Македонија“ во некое кафуле, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање коментирајќи ја изјавата на Мицкоски дека тој нема да прифати никакви тајни средби со него.
