Иран

Десетици жртви и повредени во Иран

03.01.2024 14:56

Десетици жртви и повредени во иранскиот град Керман по две експлозии во близина на гробницата на убиениот воен командант Касем Сулејмани.

Десетици жртви и повредени во иранскиот град Керман по две експлозии во близина на гробницата на убиениот воен командант Касем Сулејмани. Иранските официјални лица велат дека станува збор за терористички напад.

Сулејмани беше шеф на силите Кудс на Револуционерната гарда, која се справува со операциите во странство на Иран и се сметаше за странска терористичка организација од страна на САД.