САД

Трамп ја обжали одлуката да не учествува на прелиминарни избори во Мејн

03.01.2024 15:02

Североисточната држава соопшти дека Трамп е дисквалификуван од трката за претседател поради неговиот удел поврзан со упадот во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година...

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, ја обжали одлуката во американската сојузна држава Мејн која го спречува да учествува на претседателските избори.

Североисточната држава соопшти дека Трамп е дисквалификуван од трката за претседател поради неговиот удел поврзан со упадот во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Трамп се соочува со ист предизвик и во Колорадо.