Економија

Австралиска „Емапта“ нова инвестиција во ТИРЗ

03.01.2024 17:00

Промовирана нова странска инвестиција. Планот е да се вработат над 850 млади луѓе во наредните пет години. Основачот е од Австралија...

Австралиска „Емапта“ својата прва инвестиција во Европа ја позиционира во Македонија. Глобалниот гигант на 6.000 квадратни метри во ТИРЗ 1 ќе гради деловен простор, а во наредните 10 години менаџментот планира да вработи над 850 млади високо образовани кадри од земјава. Според премиерот Ковачевски за успешноста на мултинационалната аутсорсинг компанија зборува неговото портфолио од 730 компании клиенти и 7.600 вработени ширум светот.

„Емапта“ во земјава е присутна веќе една година и има 30 вработени. За младите од земјава ова е одлична можност да работат за глобална компанија од дома.

Со влезот на „Емапта“ во земјава се отвора нова поглавје во инвестицискиот план, вели директорот на ТИРЗ, Деспотовски, кој најави државна помош за компанијата, под услов компанијата да вработи 100 луѓе.

Компанијата обезбедува висококвалификуван кадар од областа на дигиталниот маркетинг, софтверскиот инжинеринг, финансискиот менаџмент, ИТ и ИКТ кадар. До крајот на инвестицискиот период само за плати менаџментот најавува дека ќе вложи над 15 милиони евра годишно.

 

Викторија Милевска