мвр

Претрес во Чучер Сандево, пронајдена дрога

03.01.2024 20:02

Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок...

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во викенд куќа во Чучер Сандево, скопско, кај С.Н. За време на претресот во објектот се затекнати и Х.С. и Г.Г. При тоа, кај Г.Г. е пронајдена прашкаста материја, а во стара куќа во склоп на дворот пронајдена е грутчеста материја.

Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.