Дамева се врати на чело на Судскиот совет, Георгиев си даде оставка
Георгиев си даде оставка, Дамева се врати на чело на Судскиот совет по пресудата на Управниот суд …

Георгиев поднесе оставка, Дамева се врати на претседателското место во Судскиот совет. Двајцата се едногласни дека одлуките кои се потпишани од Георгиев треба да важат, бидејќи се изгласани од мнозинството на членовите. Тој вели дека немал никакви притисоци додека бил на функцијата, но се двоумел дали да прифати заради нарушените меѓучовечки односи во Судскиот совет.
Дамева беше разрешена по иницијатива на нејзиниот заменик Селим Адеми во април минатата година. По поднесената тужба, Управен пресуди во нејзина полза со образложение дека разрешувањето е неосновано. На оваа пресуда таа гледа искра надеж за враќање на довербата во судството.
По разрешувањето на Дамева имаше бурни реакции од страна на американската амбасадорка и холандскиот амбасадор во земјава кои беа поддржани и од Владата.
Александра Велинова
