Изминуваат критичните 72 часа за спас на луѓето во Јапонија
Изминуваат критичните 72 часа за спасување животи по разорниот земјотрес во Јапонија. Многу луѓе сè уште се под урнатините и чекаат помош.

Изминуваат критичните 72 часа за спасување животи по разорниот земјотрес во Јапонија. Многу луѓе сè уште се под урнатините и чекаат помош. Премиерот Кишида нареди да се направат сите напори да се спасат што е можно повеќе животи.
„Ситуацијата на терен е многу тешка. Додека изминуваат 72 часа-клучни за спасување животи, ве повикувам да дадете се од себе за да спасите што е можно повеќе луѓе. Владата ќе ги мобилизира сите свои ресурси и ќе стори сè што е можно за да ги поддржи погодените“, изјави Фумио Кишида - премиер на Јапонија.
Уништените и оштетени патишта ја успоруваат спасувачката операција, дополнителен проблем создаваат и врнежите од дожд што го зголемуваат ризикот од свлечишта.
