Израел
Тел Авив со нови методи за превземање на Кан Јунис
04.01.2024 09:32
Израел соопшти дека почнува нови“ методи“ во обид да ја преземе целосно контролата во вториот по големина град во Газа, Кан Јунис.

Израел соопшти дека почнува нови“ методи“ во обид да ја преземе целосно контролата во вториот по големина град во Газа, Кан Јунис.
„Користиме класифицирани и нови средства во оваа операција што ќе ја направиме темелно додека не стигнеме до сите местата каде што треба да одиме. Ова е борба против терористите-под, и над земја. Ќе продолжи да ја шири оваа операција“, изјави Даниел Хагари – портпарол на израелските одбранбени сили.
По убиството на вториот човек на Хамас во Бејрут и стравувањата од прелевање на конфликтот, американскиот државен секретар Блинкен заминува во посета на Блискиот Исток.
