Најголема размена на заробеници меѓу Москва и Киев
Русија и Украина разменија стотици воени заробеници според договорот постигнат со помош на Обединетите арапски емирати.

Русија и Украина разменија стотици воени заробеници според договорот постигнат со помош на Обединетите арапски емирати-најголемото поединечно ослободување од почетокот на војната. На терен и натаму се водат жестоки борби. Киев тврди дека нема план „б“ во случај на недостиг на воена помош од западот. Белата куќа продолжува со кампањата за поддршка на Украина.
„Сите видовте дека Русија продолжува со нападите, не само врз воени туку и цивилни цели. Путин прави се е за да ги падне украинците на нозе. Затоа е толку важно ова барање за дополнително финансирање што го предложи претседателот да биде усвоено“, изјави Џон Кирби – портпарол во Белата куќа.
