Одговорните за нападот во Иран ќе платат висока цена
Иран се закани дека „брзо и силно“ ќе одговори на двојните бомбашки напади, во кои загинаа над 100 луѓе додека траеше комеморацијата на истакнатиот ирански генерал Сулејмани,

Иран се закани дека „брзо и силно“ ќе одговори на двојните бомбашки напади, во кои загинаа над 100 луѓе додека траеше комеморацијата на истакнатиот ирански генерал Сулејмани, убиен од САД во 2020-та година. Иако никој не презема одговорност за нападот, иранскиот претседател прстот во Израел.
„Сега, кога не можете да го совладате отпорот и вашата моќ ја изгуби својата ефикасност, вие удривте по невините луѓе? Бидете свесни дека ќе платите висока цена за ова ужасно злосторство. Го предупредувам ционистичкиот режим: без сомнение за ова злосторство и другите злосторства што ги правите, ќе платите цена што ќе ве натера да зажалите многу“, изјави Ибрахим Раиси – претседател на Иран.
Американските власти пак, соопштија оти немаат причина да веруваат дека Израел е вмешан во нападот.
