Здравје

Откриен нов антибиотик што делува против смртоносни супербактерии

04.01.2024 10:23

Оваа супербактерија е идентификувана од страна на Светската здравствена организација како итна закана за којашто се потребни нови антибиотици, бидејќи бактеријата брзо се шири во болниците и е отпорна на постоечките лекови.

Развиен е нов антибиотик „Зосурабалпин“, што е делотворен против отпорноста на супербактеријата „Acinetobacter baumannii“- тврдат научниците од фармацевтската компанија „Рош“.

Оваа супербактерија е идентификувана од страна на Светската здравствена организација како итна закана за којашто се потребни нови антибиотици, бидејќи бактеријата брзо се шири во болниците и е отпорна на постоечките лекови.

Тимот научници предводен од Мајкл Лобриц и Кенет Бредли, врз основа на проучување на околу 45.000 синтетички пептиди (молекули што досега не биле основа на повеќето антибиотици, а ги има во природата), идентификувале неколку молекули со антибактериска активност.

Лекот што веќе излечил глувци од пневмонија предизвикана од „A. baumannii“, почна да се користи и кај луѓе, за да се испита неговата безбедност при лекувањето.

Овие сознанија се полезни и за потрага по нови соединенија насочени кон неутрализирање на опасните бактерии и создавање алатки против нивната отпорност.