Четири скокалници

Херл победник во Инсбурк

04.01.2024 10:27

Домашниот ски-скокач зад себе ги остави Јапонецот Рјоју Кобајаши кој освои 258,7 бода и својот сонародник Михаел Хајбек кој собра 254 бода.

Австриецот Јан Херл со скокови од 134 и 127 метри и освоени вкупно 267,5 бода е победник на третата од четирите скокалници во рамките на Новогодишната турнеја.

Домашниот ски-скокач зад себе ги остави Јапонецот Рјоју Кобајаши кој освои 258,7 бода и својот сонародник Михаел Хајбек кој собра 254 бода.

Во пресрет на последната станица од „Четири скокалници“ на турнејата лидер е Рјоју Кобајаши со 857,6 бода, пред Андреас Велингер со 852,8 и Херл со 834 бода.