Аерозагадувањето го засили ширењето на вирусите
Вирусите и грипот демнат низ градинките и училиштата. Болниците особено детските клиники се преполни со пациенти. Но станува се посериозно со кадарот, бидејќи нема кој да ги лекува. Се помалку има педијатри во нашата држава.

Загадениот воздух го засили ширењето на вирусите. Периодов е полно и во детските амбуланти и во болниците. Педијатрите велат дека има наплив на пациенти со респираторни вируси и грип.
Доаѓаат децата со висока температура која трае по неколку дена, кашлица, растечен нос. Во болницата во Козле има по 200 прегледи за 24 часа. Слободен болнички кревет речиси и да нема, на лекување најчесто се задржуваат децата со бронхит и со пневмонија. Педијатрите алармираат, надлежните веднаш да преземат мерки против загадувањето.
Периодов да се избегнува престој на отворено.
И во болницата во Битола е иста состојбата. Еден дежурен педијатар прегледува и по 100 болни деца. Недостигот од кадар сериозно ја отежнува работата.
Малкуте педијатри не се доволни за да ги прегледаат сите деца. Последнава деценија особено е намален интересот за специјализација на оваа медицинска гранка, за која се потребни седум години.
Андријана Ѓурческа
