Битола

Во Битола регистриарно ново бугарско здружение „Балкански мост“

04.01.2024 12:42

Од неодамна во Битола ново бугарско здружение „Балкански мост“. Претседателот на здружението за јавниот сервис во телефонска изјава вели дека здружението не велича никакви историски личности и нема политичка заднина. Ова здружение е фокусирано на унапредувањето на културата, традицијата и образованието...

Згасна поранешниот бугарски клуб во Битола „Ванчо Михајлов. Но, од неодамна никна ново здружение кое засега е само регистрирано со седиште на домашната адреса на претседателот Љупчо Јошевски.

Во телефонската изјава за јавниот сервис тој нагласи дека е државјанин на Македонија, но, вели дека неговата национална самосвест е сосема друга работа. Здружението засега не покажува никакви политички ставови или намери, па затоа нападите што се упатуваат кон мене се неосновани, вели Јошевски.

Тој не негира дека имал контакти со политичари од Бугарија, но тие биле на пријателска основа, а не на политичка. Вели, нема да има настани и случувања како што биле во минатото, затоа што државата си има механизми да ги решава правните и политичките работи.

Поранешниот клуб и сегашното здружение единствено имаат заедничко во бугарскиот бизнисмен Милан Врабевски и фондацијата „Бугарска памет“ кој е финансиски поддржувач на активностите.

 

Стевче Митревски