Аерозагадување
Скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа
04.01.2024 13:33
Густа магла секојдневно не буди во главниот град. Но причината не се само временските услови туку загадувањето дополнително го отежнува дишењето на воздухот.

Густа магла секојдневно не буди во главниот град. Но причината не се само временските услови туку загадувањето дополнително го отежнува дишењето на воздухот. Висока концентрација на ПМ 10 честички особено се забележува во ноќните часови. Надлежните институции никако да најдат решение, топката си ја префрлаат едни на други. Вчера министерката за животна средина ги повика градоначалниците да ги спроведат мерките против загадувањето на воздухот. Македонската телевизија се обиде да добие одговор од дел од локалната власт какви мерки спроведуваат и што можат да направат на локално ниво? Дали навистина зависи од нив?
Ана Јосифовска-Тодоровска денеска ја следи состојбата со загадувањето.
