М-НАВ

Нови оставки во Контролата на летање и најава за штрајк

04.01.2024 13:38

Старата година заврши со масовни отказни решенија во Контролата на летање, а денеска се најавуваат и нови оставки во знак на поддршка. Причината се последните несоодветни вработени кадри...

Старата година заврши со масовни отказни решенија во Контролата на летање, а денеска се најавуваат и нови оставки во знак на поддршка. Причината се последните несоодветни вработени кадри. Првиот синдикалец во М-НАВ вчера беше повикан во полициска станица, по пријава на директорите на македонската навигација, со образложение дека се чувствувале загрозено. Од синдикатот денеска велат дека не се исклучува можноста да почнат со штрајк и да го блокира македонското небо за прелети. Викторија Милевска со повеќе детали од прес-конференцијата.