Судски совет

Бура од реакции по смените во Судскиот совет

04.01.2024 14:21

Одлуките на Судскиот совет од разрешување на Дамева во мај 2023 до вчера се ништовни, реагираат Коалицијата „Сите за правично судење“.

Одлуките на Судскиот совет од разрешување на Дамева во мај 2023 до вчера се ништовни, реагираат Коалицијата „Сите за правично судење“. Судскиот совет констатираше престанок на мандатот на претседателот на Советот и ја спроведе одлуката на Управниот суд.

Од Коалицијата потенцираат дека ништовноста на одлуката за разрешување ги прави ништовни и сите дела, права и обврски засновани врз ништовниот акт, што меѓу другото ја вклучува и одлуката за избор на нов претседател. Оттука нејасно е како Советот констатираше престанок на мандат кој се смета дека никогаш не започнал да тече, реагираат правниците.

Сашко Георгиев си поднесе оставка. Советот констатираше дека одлуката за разрешување е вон сила, а на сила останува одлуката со која Весна Дамева е избрана за претседателка. Двајцата се едногласни дека одлуките кои се потпишани од Георгиев треба да важат, бидејќи се изгласани од мнозинството на членовите.

Дамева беше разрешена по иницијатива на нејзиниот заменик Селим Адеми во април минатата година.

По разрешувањето на Дамева имаше бурни реакции од страна на американската амбасадорка и холандскиот амбасадор во земјава кои беа поддржани и од владата.

 

Наташа Јанчиќ Менковски