УЈП: 20 илјади работници сè уште не ја добиле ноемвриската плата
Околу 20 илјади работници не добиле ноемвриска плата според податоците на УЈП. Стопанствениците велат дека имаат сериозни финансиски проблеми, ниска профитабилност, скапи цени на енергенсите, а најсериозниот проблем во моментов е ликвидноста...

Околу 20 илјади работници сè уште не ја добиле ноемвриската плата според пресметката на УЈП заклучно со втори декември. И додека на некои примањата не им ги покриваат основните трошоци за живот, овие 20 илјади семејства празниците ги поминуваат без денар.
Работодавците признаваат дека има проблем при исплатата на платите. Според нив растот на платите не ја следи продуктивноста.
Домашните компании во 2023-та година добиле финансиска поддршка од 1,9 милијарди денари државни пари, а опфатени се и во антикризните мерки.
Александра Велинова
