Транспорт

Само еден воз на релација Битола - Скопје

04.01.2024 14:40

И со почетокот на годината, нема ништо ново. само еден воз е на линијата Скопје - Битола и од Битола за Скопје, иако оваа е најфреквентната рута за превоз на патници. Граѓаните бараат да се вратат два три воза дневно, но засега, велат им остана само носталгијата и немоќта. Измените, пак во законот за либерализација донесоа интерес од фирми за товарниот транспорт. Ќе добијат ли граѓаните повеќе возови годинава?

Граѓаните сè уште не може да сметаат на патувањето со воз и во Новата година. Им останува поскапиот и транспортот кој повеќе загадува-автомобилот и автобусот. На најфреквентната железничка линија Скопје-Битола со месеци е само еден воз во двата правци.

Годинава ќе донесе новини, но во товарниот транспорт. Во сила се измените на законот за либерализација во железничкиот сообраќај. Има заинтересирани фирми од Србија и од земјава.

Утре се последните проби за пуштање во употреба на мостот на Црна, а патничкиот сообраќај е само со недефинирани најави за повеќе линии.

 

Елизабета Митревска