„Tour D’ Europe” за струмичани
Монпеље, Скјерн, Спортинг се тројката противници на Зомимак во групата Б од ракометниот ЕХФ куп.
Историскиот пласман на Струмичани им ги носи на гости французите кои беа и еден од атрактивните противници кои ги посакуваа и кои се од конкурентите со најдолга континентална традиција, повеќе од две децении се дел од Европската клубска сцена. Монпеље ќе биде предводен од француската голманска легенда Тјери Омејер, во составот ги имаат и одличните репрезентативци на Словенија, Гаиќ, Доленец и Кавтичник, како и натурализираните тунижани Теч и Хмам.

Дански Скјерн минатата сезона направи пауза во Европа, додека 2007-мата го има најголемиот дострел во ЕХФ друштвото со пласман во 1/2 финалто.
Португалците ќе ги представува Спортинг кој е 15-тина години низ Европските терени но, во понизок ранг на натпревари, 6-ти пат е во ЕХФ купот, а втора година со ред, лани завршуваат во првата фаза.
Македонија во купот на ЕХФ ќе ја представуваат и Звонко Шундовски и Бранислав Ангеловски, кои со романска Констанца ќе играат во група со домаќинот на завршниот турнир Фуксе Берлин, со Шамбери и тимот од Словачка, Хлоховац.
Од 8 фебруари до 30-ти март ќе се игра групниот сегмент од каде во април се оди во 1/4 финале, за потоа се заврши со фајнл-фор фазата на 17 и 18-ти мај во Берлин.
Во другите три групи редоследно се распоредени:
А група Б група Ц група Д група
Хановер(гер) Монпеље(фра) Пик Сегед(унг) Фуксе Берлин(гер)
А.Леон(шпа) Скјерн(дан) Татран(свк) Констанца(ром)
Луги(шве) Зомимак(мкд) Нант(фра) Шамбери(фра)
Чургои(унг) Спортинг(пор) Кристианштад(дан) Хлоховец(свк)
Ирена Андреевска Димитриевска