Култура

Славе Ѓорѓо Димоски со поемата „Денес“ добитник на наградата „Григор Прличев“

04.01.2024 21:01

Поемата „Денес“, избрана како најдобра поема за наградата што секоја година ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Славе Ѓорѓо Димоски е авторот на поемата „Денес“, избрана како најдобра поема за наградата што секоја година ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Според соопштението од Комисијата, на конкурсот биле пријавени седум авторски дела, но општа оценка на Комисијата е дека квалитетот на дел од пријавените поеми не е на очекуваното ниво, особено имајќи ги предвид угледот на наградата и вредностите на некои наслови наградувани изминатите години.