Македонија
Советниците на Општина Карпош во тензична атмосфера го изгласаа Буџетот за 2024
04.01.2024 19:57
Како што информираат од Општината, со сè приходот за ДДВ, Буџетот ќе изнесува 570.737.789 денари...

Со 15 гласа „ЗА“ советниците на Општина Карпош денеска го изгласаа Буџетот за 2024 година. Како што информираат од Општината, со сè приходот за ДДВ, Буџетот ќе изнесува 570.737.789 денари. Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Буџетот бил донесен насила, вон секоја демократска процедура, со кршење на сите законски акти и подакти и на Деловникот, Статутот на Општина Карпош и Законот за локална самоуправа. Миле Ристески во Дневникот разговара со градоначалникот Стевчо Јакимовски.
