мвр
Претрес во Битола, приведен дилер, пронајдена дрога
04.01.2024 20:36
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок...

Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Т.(19) од Битола. Имено, по добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кај М.Т.(19) од Битола. При претрес во домот пронајдена е марихуана, дигитална вага со траги од марихуана, метална дробилка, како и пиротехнички средства.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
