Променливо облачно, магливо по котлините
Во Скопје ќе биде претежно магливо, а околу пладне маглата делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со магла по котлините, а попладне ќе се зголеми облачноста. Како што информираат од УХМР, преку денот ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде претежно магливо, а околу пладне маглата делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.
До утре претпладне времето ќе биде стабилно со магла по котлините. Под влијание на циклонска активност од утре кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места, соопштуваат од УХМР.
