Македонија

Владата најавува разрешување на целото раководство во М-НАВ, четири лица повикани во полиција за нападот

05.01.2024 08:30

Од Владата е најавено дека премиерот Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авиосообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ. Во полициска станица се повикани четири лица инволвирани во нападот...

Владата на седница по иницијатива на премиерот Ковачевски, а во консултација со министерката за одбрана Петровска и министерот за транспорт и врски Бочварски, поради состојбите во М-НАВ ќе донесе одлука за разрешување на целото раководство и сите членови на управниот одбор во македонската навигација.

Од Владата е најавено дека премиерот Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авиосообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Претходно, во просториите на каде што се врши контролата на летање и во моментот додека имало 70-тина авиони над небото, влегле група луѓе кои прво вербално, а потоа физички нападнале дел од вработените.

Случајот бил пријавен во полиција и во моментот припадници на МВР ја обезбедуваат зградата.

Во полициска станица се повикани четири лица инволвирани во нападот врз вработени во М-НАВ. На случајот му претходеа масовни оставки во контролата на летање по последните вработувања во М-НАВ.

Синдикатот побара обвинителството да поведе постапка и да ги истражи притисоците кои се вршат врз контролорите.