Познати финалистите на Макфест 2014
Вечерва со почеток од 20:15 часот на МРТ1 гледајте го големото финале на Макфест 2014...

Во домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип синоќа се одржа и втората полуфинална вечер од 29-то издание на Фестивалот за забавни мелодии „Макфест“.
Како финалисти од втората полуфинална вечер на фестивалот вечерва во големото финали ќе ги видиме: Мартинијан Кириловски, Биба Додева, Елвир Мекиќ, Наташа Малинова, Тамара Тодевска, Влатко Илиевски, Горан Наумов, Миле Кузмановски и Кристијан Мицев.
На втората полуфинална вечер како специјален гостин во ревијалниот дел за време на гласањето, пред штипската публика настапи победникот на првото регионално шоу “X Factor” Даниел Кајмакоски, кој во живо испеа неколку познати Макфестовски хитови.
Во првата полуфинална вечер по пат на телевоутинг, освен присутната публика, гледачите ги избраа и следните финалисти: Јоце Панов, Дарко Илиевски, Маја Вукичевиќ, Мики Секуловски, Александар Белов, Викторија Лоба, Емил Арсов, Симона Попоска и Лена Заткоска. На првата полуфинална вечер специјален гостин беше Драган Мијалковски.
Пејачите на сцената ги придружуваше ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија.
Вечерва со почеток од 20:15 часот на МРТ1 гледајте го големото финале на Макфест 2014.
