Свет
Северна Кореја истрела повеќе од 200 ракети, Јужна Кореја евакуираше два острова
05.01.2024 08:44
Генералштабот на Армијата на Јужна Кореја соопшти дека открил артилериски оган северно од граничната линија на демилитаризираната зона, на поморската граница меѓу двете земји.

Јужна Кореја нареди евакуација на два нејзини острови откако Северна Кореја истрела над 200 ракети кон нејзина територија.
Генералштабот на Армијата на Јужна Кореја соопшти дека открил артилериски оган северно од граничната линија на демилитаризираната зона, на поморската граница меѓу двете земји.
Јужна Кореја ги нарече севернокорејските вежби како провокација, а во овој инцидент не е забележана штета.
