Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик
Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера...

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.
Одбележувањето на Бадник ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.
Кум на годинашното одбележување е Божидар Јанковски, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2024, а Здравичар е актерот Атанас Тановски, кој на платото пред Соборниот храм на 6 јануари ќе ја каже здравицата во пресрет на Божик.
Свештениците од Соборниот храм ќе ги осветат нафората и чајот, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.
