Свет

Два воза се судрија во метрото во Њујорк, најмалку 24 повредени

05.01.2024 08:53

Во моментот на несреќата во патничкиот воз имало 300 лица, додека во другиот се вршеле поправки и во него биле присутни само работници од железницата.

Најмалкј 24 лица се повредени откако се судрија два воза, по што еден излетал од шините во подземна железница во Њујорк.

Во моментот на несреќата во патничкиот воз имало 300 лица, додека во другиот се вршеле поправки и во него биле присутни само работници од железницата.

Повредените патници се пренесени во локалната болница и се надвор од животна опасност.