Северна Кореја

Пјонгјанг со нови артилериски вежби

05.01.2024 09:58

Северна Кореја истрела над 200 ракети од нејзиниот западен брег кон јужнокорејскиот остров Јеонпјеонг...

Северна Кореја истрела над 200 ракети од нејзиниот западен брег кон јужнокорејскиот остров Јеонпјеонг во најновата артилериска вежба. Властите од Сеул наредија евакуација на два нејзини острови осудувајќи го потегот на Пјонгјанг. Соопштија дека ракетите паднале на северната страна и не нанеле штета.

„Артилериското пукање во тампон зоната кај западниот брег е провокација што го загрозува мирот и ја зголемува тензијата на корејскиот полуостров, а северна Кореја е единствено одговорна за тоа. Ја следиме ситуацијата во тесна соработка со сад и ќе преземеме соодветни мерки“, изјави Ли Сунг Џун - портпарол на здружениот штаб на јужна Кореја.

Најновото тестирање е во момент кога јужна Кореја и САД ги одржаа првите заеднички вежби годинава за да ја зајакнат борбената готовност.