Блиски исток

Блинкен во посета на пет арапски земји

05.01.2024 09:59

Американскиот државен секретар Блинкен во посета на пет арапски земји, Западниот брег, Турција и Грција, а ќе го посети и Изреал, соопшти Стејт департментот. Во фокусот на разговорите се итните мерки за зголемување на хуманитарната помош за Газа.

Водачот на проиранската вооружена група поддржана од Иран кој учествувал во нападите врз американските сили, е убиен во централен Багдад во американски воздушен напад.

„Американските сили презедоа неопходна и пропорционална акција против водачот на Харакат Ал-Нуџаба кој беше активно вклучен во планирањето и извршувањето напади против американскиот персонал. Важно е да се спомене дека нападот е преземен во самоодбрана и ниту еден цивил не е повреден“, изјави генерал-мајор пет Рајдер – портпарол на Пентагон.

Нападот е извршен во време на зголемени тензии на Блискиот Исток, поттикнати од војната меѓу Израел и Хамас и стравувањата од прелевање на конфликтот. Американскиот државен секретар Блинкен во посета на пет арапски земји, Западниот брег, Турција и Грција, а ќе го посети и Изреал, соопшти Стејт департментот.

Во фокусот на разговорите се итните мерки за зголемување на хуманитарната помош за Газа.