Белата куќа: Северна Кореја и доставила на Русија балистички ракети за употреба во конфликтот во Украина
Северна Кореја и доставила на Русија балистички ракети и лансирни рампи за употреба во конфликтот во Украина – тврди Белата куќа.

Северна Кореја и доставила на Русија балистички ракети и лансирни рампи за употреба во конфликтот во Украина – тврди Белата куќа. САД најавија дека ќе воведат дополнителни санкции за оние што ја олеснуваат продажбата на оружје.
Додека продолжуваат нападите на релација Москва-Киев, Зеленски соопшти дека снабдувањето со дополнителни системи за противвоздушна одбрана и проектили за нив е приоритет број еден.
„Нашите бранители на небото прават сè што е можно за да ја заштитат државата. Целиот тим наши дипломати и украинските претставници во странство прават се за да обезбедат испорака на дополнителни системи за противвоздушна одбрана и проектили. Ова е приоритет број еден. се разбира, како и новите пакети за поддршка на нашите сили“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
