AMSM

Во прекин сообраќајот на патот Гостивар-Кичево поради сообраќајка

05.01.2024 09:21

Од АМСМ соопштија дека од 7.15 часот сообраќајот е во прекин во двата правци...

На магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломот, утрово се случила сообраќајна незгода.

Од АМСМ соопштија дека од 7.15 часот сообраќајот е во прекин во двата правци.

Засега нема информации дали има загинати и повредени во несреќата.