Јапонија
Жена извлечена жива од под урнатините во Јапонија
05.01.2024 10:01
По изминатите критични 72 часа, шансите за преживеани се значително намалени.

Спасувачите извлекоа жива 80-годишна жена од под урнатините во Ваџима, четири дена по разорниот земјотрес што ја погоди Јапонија.
По изминатите критични 72 часа, шансите за преживеани се значително намалени.
Бројот на жртви се искачи на 92, а над 240 сè уште се водат за исчезнати.
