Свечено отворен 49-от театарки фестивал „Војдан Чернодрински“
На Фестивалскиот почетокот - признанија за тројца доајени на македонското глумиште, доделени наградите за животно дело...

Почна театарскиот празник во Прилеп. Отворено е нојновото издание на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински.
„Овој фестивал кој ни го доближи театарот, таа естетска игра, тој влез во непознатото, го прогласувам овој 49 ти по ред Фестивал на театарот „Војдан Чернодрински“ за отворен“, рече Марјан Ристески градоначалник на Прилеп.
На Фестивалскиот почетокот - признанија за тројца доајени на македонското глумиште, доделени наградите за животно дело.
„Во нашата професија нема ништо поубаво од тоа да добиеш награда“, рече Снежана Стамеска, актер.
„Се чувствував целиот исполнет-како некој да ме помилува по душата по толку години работа во театарот“, вели Мустафа Јашар, актер.
„Со фестивалот најмногу ме поврзува прилепската публика која секогаш знаела да следи претстави“, рече Салаетин Билал, актер.
„Војдан Чернодрински“ пред заокружување на петтата деценија,е националната манифестација на најдоброто што го направиле театрите меѓу двата фестивала.
„Македонија секогаш имала многу силен театар. Со секоја година, прагот на квалитетот се крева се погоре и погоре“, вели Петар Темелковски, уметнички директор и селектор на Фестивалот.
Фестивалот го отвори првата од 12 те претстави во конкуренцијата за награди. Битолскиот театар ја изведе Хеда Габлер во режија на Ѕвездана Ангеловска.
Наредните седум фестивалски дена Пирлеп ќе живее со театарската уметност, ќе ги види најдобрите остварувања на македонските театри за да ги награди. А еден куриозитет е врзан за вториот фестивалски ден – вечер прилепската публика ќе патува во Скопје, во новото здание на Македонскиот народен театар, за да ја види претставата „Вечната куќа“.
Елизабета Митреска
