Турција
Најмалку две лица загинаа во верижен судир на два автобуси и камион Турција
05.01.2024 09:39
Автобус кој изгубил контрола предизвикал несреќа во селото Каракурт, округот Сарикамиш во Карс, пренесува телевизискиот канал НТВ...

Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени утрово на автопат во Турција, во верижна сообраќајна несреќа во која учествувале два автобуса и камион. Автобус кој изгубил контрола предизвикал несреќа во селото Каракурт, округот Сарикамиш во Карс, пренесува телевизискиот канал НТВ.
На местото на несреќата се испратени голем број медицински, полициски и спасувачки екипи.
