Во Скопје и во Струмица престануваат да важат мерките и препораките за зголемено аерозагадување
Концентрацијата на ПМ 10 честичките е под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар, информираат од МЖСПП...

Во Скопје и во Струмица престануваат да важат препораките за зголемено аерозагадување. Концентрацијата на ПМ 10 честичките е под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем на 4.1.2024, среднодневните концентрации на ПМ 10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар и епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ 10 честички е прекината во Скопје и Струмица. Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат“, стои во соопштението.
