Струмица

Пониски вредности на ПМ 10 честички во последните два дена во Струмица

05.01.2024 12:03

Изминативе два дена во Струмица пониски вредности на ПМ 10 честички, кои паднаа под 150 микрограми на кубен метар. Препораките се повлечени, но алармот од загаден воздух стои...

Концентрациите на ПМ 10 честички во Струмица изминативе два дена се под 150 микрограми на кубен метар, со што престанаа да важат препораките што ги издаде Министерството за животна средина. Од 23-ти декември струмичани континуирано дишат загаден воздух, за што општината ќе формира координативно тело кое ќе ја следи состојбата со аерозагаденоста

За екоактивистите сè зависи кој ќе биде вклучен во работното координативното тело и колку членовите ќе бидат желни да се реши проблемот со загадениот воздух.

Домаќинствата кои се греат на огревно дрво, индустриските капацитети, сообраќајот, се најголемите загадувачи на воздухот во Струмица. Се бараат поголеми контроли, но и ангажман на сите институции за да се намали аерозагадувањето.

 

Ване Трајков