Двојно е зголемен бројот на регистрирани со грип во последната недела од старата година
По Новата година двојно зголемен бројот на заразени со грип. Но пикот се очекува средината на јануари предупредуваат докторите. Поради лесните симптоми голем дел од граѓаните се лекуваат во домашни услови.

Последната недела од старата година, двојно е зголемен бројот на регистрирани со грип, покажуваат податоците на Институтот здравје. Бројките ќе растат и оваа недела и наредната, за две недели се очекува пикот, вели епидемиологот Сашко Олумчев.
Прославите, дружењето, патувањата ќе си го направат своето. Но, состојбата е слична како минатогодишната, очекува да помине мирно. Симптоматологијата помеѓу грипот и ковидот е речиси иста, вели тестирањето за ковид е непотребно.
Има голем број заболени помеѓу помладите, работоспособното население, но поради лесната симптоматологија се лекуваат дома. Епидемиологот Олумчев, вели дека ова е поради солидниот колективен имунитет.
Тој очекува уште ден како што вели мал пик крај на јануари, почеток на февруари и бројките на регистрираните да почнат да опаѓаат. Препорачува во јавниот превоз задолжително носење маски, а на работното место оние што имаат некакви симптоми.
Наташа Јанчиќ Менковски
