Судство

Судски совет: Актите донесени во периодот од изборот на Георгиев, не се ништовни

05.01.2024 12:58

Од Советот велат дека со пресудата на Управниот суд, не се доведува во прашање законитоста на одлуките донесени од Судскиот совет како колективно тело...

Судскиот совет реагира на изјавите изнесени во јавноста со кои се отвораат дилеми околу ништовноста на сите акти донесени во периодот од изборот на Сашко Георгиев. Појаснуваат, сите акти донесени во овој период се во правна сила.

Од Советот велат дека со пресудата на Управниот суд, не се доведува во прашање законитоста на одлуките донесени од Судскиот совет како колективно тело, туку се поништува решението за разрешување на сегашната претседателка.