Беким Незири на распит во полициска станица по упадот во М-НАВ
Незири во полициска станица откако ја отвори вратата на радарскара кула и овозможи влез на невработени лица во зградата на М-НАВ. Обвинителството чека кривични пријави од МВР по вчерашниот упад во објектот на контролата на летање...

Во полициска станица е Беким Незири кој ја отвори вратата на радарската кула и овозможи невработени лица да влезат во зградата на М-НАВ. Обвинителството чека кривични пријави од МВР по вчерашниот упад во објектот на контролата на летање на скопскиот аеродором и нападот врз вработени, меѓу кои и контролори на летање.
Според информациите, Незири со својата картичка им отворил на лицата кои не се вработени во М-НАВ, да влезат во кулата за контрола на летање. Таму, еден од насилниците го нападнал на еден контролорите, по што Незири почнал да му вика и да му се заканува. Нападот, според информациите, бил поради тоа што контролори Албанци му дале поддршка на првиот човек на синдикатот, Александар Тасевски.
Ирина Гелевска има повеќе информации за случајот.
