Велика Британија
Велика Британија под вода откако голем број реки се излеаја од коритото
05.01.2024 14:32
Според извештаите, водата навлегла во околу илјада домови. Во прекин е и дел од железничкиот сообраќај на југот од земјата.

Велика Британија под вода откако голем број реки се излеаја од коритото по обилните дождови. Владата издаде над 300 предупредувања за поплави.
Според извештаите, водата навлегла во околу илјада домови. Во прекин е и дел од железничкиот сообраќај на југот од земјата.
Метеоролозите предупредуваат за нови пообилни врнежи дожд во наредните денови.
