Меѓусебни обвинувања на Синдикатот и раководството на М-НАВ
Ако Владата не го исполни ветувањето, на 10-ти јануари ќе го затвориме воздушниот простор – вели првиот синдикалец на контролорите на летање. За директорот Хамиди, инцидентот бил конфликт меѓу колеги. За случувањата во М-НАВ се заинтересира и Европската унија...

Оставки од директорите, откривање и казнување на напаѓачите во контролата за летање и обезбедување на објектот од полицијата, бара Синдикатот на М-НАВ, во спротивно од среда ќе штрајкува.
Извршниот директор Фахрудин Хамиди рече дека е подготвен да даде оставка, вели и Владата веќе најавила дека ќе го разреши раководството. Негира дека имало напад врз контролата за летање и партиски вработувања на несоодветен кадар.
Нарушена е безбедноста во авиосообраќајот и на летовите над земјата, што не смее да остане неказнето, велат од Синдикатот којшто за ситуацијата во последните месеци во М-НАВ ги информираа европските контролори и во канцеларијата на Европската комисија во Скопје. Раководството смета дека авиосообраќајот е безбеден, а нападот бил лично недоразбирање меѓу вработени.
Ирина Гелевска
