Фудбал – СП Бразил 2014

5 дена – 5 гола за Клосе!

07.06.2014 13:35

Мундијалската петка е за германскиот голгетер Мирослав Клосе. На Светските првенства во 2002-ра и во 2006-та напаѓачот на Германија постигна по пет гола.

Во Јапонија и во Јужна Кореја, Клосе трипати ја тресеше мрежата на Саудиска Арабија и по еднаш на Република Ирска и на Камерун. Четири години подоцна  во Германија, Клосе по двапати ги совлада голманите на Костарика и на Еквадор и еднаш чуварот на мрежата на Аргентина.

35 – годишниот Клосе беше блиску до идентично постигнување и на мундијалот во Јужна Африка во 2010-та кога постигна четири погодоци, против Австралија и Англија и два против Аргентина.

Со 14 гола на Светските шампионатие, Клосе е на само погодок до израмнување на рекордните 15 на Бразилецот Роналдо.

Клосе кој по потекло е од Полска, со 69 гола на 132 натпревара е најдобар стрелец во историјата на германската репрезентација и тоа за еден погодок повеќе од легендарниот Герд Милер.